Ќе се отворат две нови ТИРЗ во Виница и Берово

Владата донесе одлука за основање на две нови технилошко индустриски развојни зони во близина на Виница и Берово.

Технолошко индустриската развојната зона (ТИРЗ) во Виница ќе биде изградена во месноста наречена Поповец, што се наоѓа пет километри од градот и ќе се простира на површина од 20 хектари.

ТИРЗ во Берово ќе се наоѓа на патот Берово – Дабиле и е на површина од 17 хектрари.

-Согласно акцониот план и динмиката на активностите во август ќе се распише тендер за компаниите кои сакаат да се вклучат во изгрдбата на инфрастрктурата на технолошко индустриските развојни зони Берово и Вница. Ова е одлична можност домашните компании да се пријават на тендерот и да си обезбедат работа, изјави портпароот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Во првата фаза на изградбата на ТИРЗ во Берово и Виница се предвидени еден милион евра , по 500.000 евра за двете зони. Во август се планира изградба на две нови зони во Струга (30 хектари) и во Радовиш (10 хектари). Ќе биде објавен и тендр за компании за изградба на ТИРЗ во Ранковце (40 хектари). 

29.07.2014 - 12:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега