Попоски се сретна со генералниот секретар на Светската туристичка организација

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски  и генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи, денеска разменија мислења за унапредувањето на регионалната соработка во областа на туризмот во Југоисточна Европа и начините како да се  искористи близината на овој регион до европските пазари.

- Во денешниот глобализиран свет, мошне актуелно прашање е развојот на макродестинациите, а сметаме дека тука има простор за соработка меѓу балканските земји, истакнал Попоски, соопштува македонското МНР.

Наша цел, како што рекол, е да се зголеми бројот на туристи кои доаѓаат во Македонија.

- Но најмногу да ги натераме туристите да останат подолго и да дојдат повторно. Сметам дека Светската туристичка организација е нашиот вистински партнер за остварување на оваа цел, нагласил министерот.

Попоски и Рифаи разговарале за можностите за проширување на туристичката сезона во Македонија, за креирање маркетиншка стратегија за одржлив туризам, за обука на туристичките работници и менаџери и за нови идеи и начини за максимално искуристување на туристичките потенцијали на Република Македонија.

- Нашата крајна цел е преку развојот на туризмот да го поттикнеме натамошниот економски раст на Македонија и да овозможиме нови вработувања, истакнал Попоски.

 

29.07.2014 - 11:59
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега