Започнете бизнис со помалку од 5.000 евра - еве како!

За покренување на мали бизниси не постои строго правило за висината на почетниот капитал. Има дејности кои може да се извршуваат во стан, па не бараат почетни вложувања, додека за други потребен е простор. Еве за кои бизниси долната граница е 5.000 евра, пишува Lider.mk.

Кројачка работилница (од 1.500 до 3.000 евра)

Шиењето е една од оние дејности кое може да се врши во стан, и за тоа да не мора да се плаќа изнајмување на простор. Ако станува збор за мала кројачка работилница, тогаш за неа се потребни барем две машини за шиење. Подобра машина чини од 700 до 1.000 евра. Изнајмувањето на простор од 30 квадрати, што е доволно за една таква работилница е од 300 до 500 евра месечно. За конци, игли и материјал се потребни уште 200 евра. Тука е надомест барем за еден работник ако му се исплати плата од 250 евра.

Одгледување блитва (од 1.300 до 2.000 евра)

Без пластеници за оваа работа се потребни околу 1.000 евра за систем за наводнување капка по капка. Тука е и трошок за ѓубриво и заштитни средства од околу 800 евра, но за цела година. Кесичка семе од блитва чини 10-15 денари. Ако има 10 семки во кесичката, потребни се околу 100, односно од 1.000 до 1.500 денари. На 10 акри, а тоа е 100 по 10 метри, може да се посее блитва или слично растение во 17 редови на растојание од 20 сантиметри. Садењето може да почне во март и не мора повторно да се сади следната годишна зошто е двегодшно растение.

Фризерски салон (од 4.000 до 4.500 евра)

За помал салон се доволни 30 квадрати, а изнајмувањето од 200 до 600 евра. Две фризерски столици чинат околу 1.000 евра, шампоњерата исто така околу 1.000 евра, и најмалку две огледала по 170 евра. Масата и фотелјите за седење може да се најдат за 300 евра. Два професионални фенови се 160 евра, а за препарати, шампони, фарби… мора да се има барем уште 1.000 евра. Комуналиите се околу 120 евра месечно.

Сметководствена агенција (од 600 до 2.500 евра)

При отворање на оваа фирма трошокот за изнајмување на просторот може да се избегне бидејќи таа работа може да се извршува во стан. Единствена алатка за работа е компјутерот, кој чини околу 500 евра, а потребен е и печатач кој може да се купи од 50 до 100 евра. Кон ова треба да се додадат и уште трошоците за хартија и интернер, што на месечно ниво се околу 50 евра.

ЛИДЕР

26.07.2014 - 13:10
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега