Се зголемува процентот на струја добиена од ветерници во Македонија

Во Република Македонија во Април годинава за првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи. Во Мај тоа учествува со 1,4 проценти во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вкупната потрошувачка на енергенси во Мај годинава изнесува 639.152 мегават часови eлектрична енергија, 3.400 милиони нормални метри кубни природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 96,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

 

25.07.2014 - 16:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега