Валентина Божиновска испрати телеграма со честитка до поглаварот на Исламската верска заедница
Валентина Божиновска, директорката на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, испрати телеграма со честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи по повод големиот празник Рамазан Бајрам.
- Нека овој голем празник нè потсети на љубовта која ја носиме во себе спрема Севишниот и дека со негување на добрите мисли и добрите дела можеме да придонесеме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и во нашето општество. Ви посакувам деновите на Рамазан Бајрам кои се слават по светиот месец на постот, на сите да Ви донесат мир, единство и среќа, и во духот на универзалните вредности на овој празник многу радост, почитување и добро здравје во Вашите семејства и домови, пишува во честитката од директорката Божиновска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа