Средба Могерини-Попоски: Потврдена италијанската подрршка за Македонија

 

Шефот на италијанската дипломатија, Федерика Могерини, која престојува во официјална посета на Македонија, се сретна со својот колега, министерот Никола Попоски и ја потврди италијанската поддршка за евронтеграцијата на Македонија и на земјите од западен Балкан.

Могерини порача дека го поддржува процесот кој се води во рамките на Обединетите наци за спорот со името, но потенцира дека напредокот мора да биде постигнат единствено во Скопје и Атина.

-Знаеме дека прашањето за името е од суштинско значење и Италија е подготвена да даде своја поддршка за напорите во контекст на ова прашање, рече Могерини.

Предвидено е министерката да оствари средба и со претседателот Иванов, премиерот Груевски и Бесими.

25.07.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега