Сарачини додели сертификати на 30 млади лица кои ја поминаа обуката за вработување

Триесетина млади лица  денеска  добија сертификати од Министерството за економија за бесплатните обуки на кои учествуваа во изминатата недела со цел подобрување на вештините за вработување.

Инаку, обуките беа составени од теоретски и практичен дел. Преку предавања од еминентни професори и успешни менаџери, како и посети на компании, младите се стекнаа со практични знаења и вештини за  вербална, невербална и писмена комуникација.

 

- Главна цел е да го разбудиме претприемничкиот дух кај младите кои во иднина нема да гледаат во јавната администрација како на едниствено место за вработување, туку со сопствени идеи ќе се потрудат  своите идеи да ги преточат во успешен бизнис план, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини на доделувањето на сертификатите.

 

 

Сопственикот на компанијата „Даути комерц“, Џемали Даути, еден од предавачите на обуките, изјави дека ја прифатиле иницијативата за учество во проектот  затоа што фирмите имаат потреба од квалитетен кадар.

 

 

- Во досегашното искуство се соочивме со неподготвен кадар, односно неподготвеност за работа со оглед на годините кои ги имаат младите генерации, несериозност кон  работата...  Од друга страна компанијата има многу селективен процес за избор и задржување на работа. Се уште се соочуваме  со овој проблем. Луѓето мислат дека треба само да се дојде на работа за да помине времето, но кога ќе се дојде треба да се работи, нагласи Даути.

најчитано сега