Нов модерен спортски комплекс ќе никне во Гевгелија

 

Гевгелија наскоро ќе добие нова сала за кошарка која ќе биде во состав на модерен спортски комплекс заедно со сала за фитнес,отворено кошаркарско игралиште,фудбалски терен и трим патеки, во близина на Негорски бањи, а негов инвеститор е конфекцискиот гигант „Ноел“ од Гевгелија.

- Салата ја градиме според строгите правила на ФИБА.Таа е во завршна фаза, целосно е уредена.Нејзиниот капацитет ќе изнесува 500 седишта и ќе биде наменета за подготовка на првиот тим на прволигашот „Кожув“ за настапи на младите кошаркари,но и за одржување други натпревари, рече претседателот на клубот,Томица Главчев.

Пред почетокот на новото кошаркарско првенство ќе биде освежена и спортската сала 26-ти април во Гевгелија, каде што „Кожув“ ќе продолжи да ги игра натпреварите на домашен терен.

 

24.07.2014 - 12:58
Фото: 
коолтура
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега