Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје доби нова Лабораторија за протеинска и ДНК технологија

Денеска на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје беше отворена новата Лабораторија за протеинска и ДНК технологија опремена со донација од Холандија која веднаш ќе биде во функција.

Професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Зоран Поповски појасни дека таа е наменета за анализи на протеини и ДНК каде ќе може да се анализира секаков биолошки материјал од прехранбениот сектор.

 

- Во лабораторијата ќе можеме да  изолираме ДНК од смоки и чипс и од најделикатни такви материјали, да провериме состав на генетски модифицирани организми во рамки на таа храна. Идејата ни е да развиеме технологии за производство на рекомбинантни протеини каде што на таков начин денеска се произведуваат вакцините и некој нутритивни протеини, рече Поповски.

 

Амбасадорката на Холандија во Република Македонија, Мериет Шурман ја поздрави донцијата на Холандската академија за наука поточно од нејзиниот центар за биодиверзитет.

- Се надевам дека лабораторијата ќе им биде од помош на студентитен кои го изучуваат ова поле на работа, да не учат само теорија туку да имаат и пракса. Ова е почеток за соработка на две научни институции, рече Шурман.

најчитано сега