Мелничарите предупредуваат: Српското брашно ќе го доведе во прашање откупот на домашното жито

Државата не треба да воведе никакви мерки кои би го ограничиле увозот на брашно и пченица, сметаат мелничарите. Ако такво нешто се планира, велат, треба да биде час поскоро.

- Моментно во земјава влегуваат огромни количини брашно од Србија поради што ќе бидеме соочени со големи залихи кои нема да се потрошат до Нова Година, а заради тоа ќе нема потреба да откупуваме домашна пченица, изјави денеска Николчо Георгиев од Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора и сопственик на „Мак Млин“.

 

 

- Цената ќе зависи пред се од цената во соседството и од количините што ќе бидат понудени. Наш став е дека треба да биде слободна зашто станува збор за пазарна економија, рече Георгеив, додавајќи дека преработувачите веќе ги доставиле до Владата своите предлози во врска со претстојната жетва.

 

 

- Поради зголемениот род кој според проценките ќе достигне 4 тони на хектар, можно е намалување на откупната цена на пченицата, но со оглед дека производните трошоци се зголемени, ќе се држиме до ланските 15 - 16 денари, изјави Сашко Радуловиќ, земјоделец од Скопско.

ФОТО: Плусинфо

 

најчитано сега