Македонците во Албанија бараат Голо Брдо и Гора да останат самостојни

 

Македонското национално малцинство во Албанија е против новата административно-територијална поделба со 61 општина и бара општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни.

Од Македонско друштво „Илинден“ - Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, Огранок Голо Брдо посочуваат дека се против новата административно-територијална поделба, со 61 општини усвоени од страна на собраниската комисија за територијалната реформа зашто ја опфаќа само општина Пустец. Бараат и општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни, бидеќи таму живеe голем дел на македонското малцинство и се надеваат дека парламентот на Република Албанија, нема да дозволи да се гласа новата мапа на административно-територијалната поделба.

- За македонското национално малциство во Република Албанија припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора е чекор назад за почитувањето на правата на Македонците, нагласуваат од Македонското друштво „Илинден“-Тирана и неговиот Огранок од Голо Брдо.

24.07.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега