Најголемиот филмски фестивал за деца и млади „Џифони искуство“ во Македонија

 

Македонија е во фокусот на најголемиот филмски фестивал за деца и млади „Џифони искуство“. На денешната прес-конференција ќе биде најавено второто издание на  „Џифони Македонија“ што ќе се одржи од 8 до 12 Октомври годинава. 

 

Покрај директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески, извршната директорка на „Џифони Македонија“ Елена Величковска Николовска и уметничкиот директор Иво Антов, на прес-конференцијата ќе присуствува и гувернерот на областа Кампанија, Стефано Калдоро.

Закажани се проекции на повеќе македонски филмови. Краткиот анимиран „Алерик“ на Вук Митевски и  кратките  играни „Мангава Диско Панк“ на Саша Станишиќ, „Шумарот“  на Изер Алиу и „За Ангела“, филм изработен лани, за првото издание на „Џифони Македонија“.

Учесниците на „Џифони искуство“ ќе ја посетат изложбата „Запознај ја Македонија низ фотографија“, ќе добијат брошури „Филминг ин Мацедониа“ и каталози за македонски филмови во период 2013/2014.

Македонскиот ден ќе биде заокружен со настап на мултиинструменталистот Мухамед Ибрахими и дегустирање наши традиционални производи, сирења, вино, локум,..

 

24.07.2014 - 09:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега