Проверете дали утре ќе останете без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека утре без електрична енергија во периодот од 08.00 до 11.00 часот ќе останат корисниците од ул. Михаил Цоков. (општина Центар), од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од комплекс МИКЕИ (општина Гази Баба), од 08.00 до 16.00 корисниците од дел од село Арачиново (општина Арачиново).
Без струја утре ќе бидат и корисниците од ул. Диме Мечето и ул. Волт Дизни во периодот од 08.30 до 09.30 во општина Шуто Оризари, од 08:30 до 15:00 ч., корисниците од населба Радишани во општина Бутел од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Батинци и дел од населба Љубош во општина Студеничани.
Во време од 09.00 до 17.00 часот, без електрично напојување ќе бидат и дел од корисниците од село Студеничани, улици 1 и 3, дел од село Морани и викенд населба Морани во општина Студеничани, од 09.30 до 12.30 часот, дел од корисниците од село Бунарџик, општина Илинден и од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Грчец, улици со броеви 1, 2, 3, 4 и 5 во општина Сарај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа