Јолевски во официјална посета на Софија
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, кој ја предводи делегацијата од Министерството за одбрана утре ќе престојува во официјална посета на Софија, Република Бугарија.
Како што е најавено, министерот Јовелски ќе има средба со неговиот бугарски колега Ангел Најденов.
Во рамки на посетата на Софија, министерот Јолевски ќе се сретне и со заменик-министерот за надворешни работи, Тодор Чуров, со претседателот на Парламентот на Бугарија, Михаил Миков и со претседателот на Комитетот за внатрешна безбедност и јавен ред.
21.07.2014 - 16:06
Фото:
Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа