Србија го следи примерот на Македонија

 

Србија го следи примерот на Македонија и по ист принцип ќе бира раководни лица во јавните претпријатија.

Српскиот премиер Александар Вучиќ најави крупни и темелни реформи во српските јавни претпријатија, потенцирајќи дека до 4-ти август ќе бидат сменети директори на многу од нив, во интервју за српскиот Блиц. 

-Тоа ќе бидат крупни, темелни промени. Не можеме да одиме во било каква мера на финансиска консолидација, би било бесмислено доколку не се насочиме кон реформи во јавните претпријатија, доколку не се насочиме кон решавање на проблемите на компаниите во реструктуирањето, бидејќи тоа нас ќе ни “изеде“ се’ што ќе заштедиме. За нас е најважна реформата на јавните претпријатија, рече Вучиќ.

Принципот на Вучиќ на бирање на лица на раководни позиции преку конкурс веќе го спроведува македонската Влада. Пред еден месец, нашата влада распиша мега оглас за ангажирање на околу 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори. Со тоа, Српската Влада ја следи практиката на македонската за ваков начин на ангажирање нови лица во своите редови, практика која ја покажува и докажува транспарентноста за ангажирање на лица на раководни позиции.

Ова не е првпат соседните земји по примерот на Македонија да практикуваат политики кои веќе се спроведени од нашата Влада, бидејќи истото се случи и со владините роуд шоуа.

21.07.2014 - 14:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега