„Невини сме" - насилниците од протестите за Монструм седнаа на обвинителна клупа
Осуммина обвинети за нередите за „Монструм" денеска седнаа на обвинителната клупа.
Обвинетите се изјаснија дека не дивееле, а како што јавува Канал 5, дел од нив тврдат дека не биле дел од толпата, а дел тврдат дека воопшто не се приклучиле на демонстрациите. Еден од обвинетите во судницата се бранел дека бил уапсен бидејќи додека траеле протестите, не им дозволил на припадниците на специјалната единица Алфа, да земат овошје од тезга.
На судењето денеска сведочеа и двајца претставници на судовите, според кои направената штета од протестите е 26.000 евра.
За време на протестите за пресудата за крвавиот масакр кај Смилковското езеро, демонстрантите фрлаа со камења кон полицијата и превртуваа контејнери. При протестите беа повредени триесетина полицајци и десетина граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа