Беџети на семинар на извршители во Албанија
Министерот за правда Блерим Беџети денеска и утре ќе учествува на семинар на извршители во Драч, Република Албанија.
ФОТО: МИА
Семинарот е од едукативен карактер и е можност за размена на искуства и договор за натамошна соработка меѓу двете држави во насока на подобрување на системот на извршување, а со цел зголемување на правната сигурност во државата и обезбедување на владеење на правото.