Нема голема штета од пожарот во затворот Идризово - еве ги деталите

 

Директорот на затворот „Идризово“ Живко Пејковски изјави дека штетата предизвикана од пожарот во столарската работилница не е голема.

- Пожарот се случи изутринава во 4 часот во старите објекти на притворот. Тие се стари објекти уште од шеесеттите години, со стара електрична инсталација. Штетата не е голема. Опожарена е кровната конструкција и работилницата, изјави Пејковски за МИА.

Тој додаде дека се уште не се утврдени причините за пожарот и дека екипата на МВР заедно со претставниците од затворот вршат увид.

Благоја Менковски, командант на Бригата за противпожарна заштита на Град Скопје изјави дека во моментов се врши догасување и расчистување на објектот и оти нема опасност пожарот да се прошири на другите објекти во затворот, бидејќи за кусо време е ставен под контрола.

Противпожарната единица дејствувала со седум противпожарни возила и 20 пожарникари, а според Менковски меѓу нив нема ниту еден повреден.

21.07.2014 - 12:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега