Осветлен патот во Батинци

 

Јавното претпријатие за државни патишта постави ново осветлување во должина од 2,2 километри и изгради пешачка патека во селото Батинци.

Со 79 канделабри осветлен е делот на 500 метри од бензиската пумпа во Батинци во правец кон Марков манастир. Покрај ова, поставена е и нова сообраќајна сигнализација во должина од 10 километри.

Се работи за инвестиција вредна 30 милиони денари, обезбедени преку заем од Светска банка.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски на денешното официјално пуштање во употреба најави осветлување и доизградба и на пешачката патека од Батинци кон Драчево.

- На барање од граѓаните се појави потреба од продолжување на уште еден ипол километар осветлување и пешачка патека од Батинци кон Драчево. Во комуникација со Светска банка ги добивме првите позитивни сигнали и во текот на оваа недела официјално ќе аплицираме. Очекуваме за два до три месеци да заврши и овој дел од работите, истакна Георгиевски.

Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, се работи за значајна инвестиција со која се зголемува безбедноста во сообраќајот и се подобрува животот на жителите на Батинци.

- Со пешачката патека и уличното осветлување се зголемува безбедноста на граѓаните на Батинци, а воедно тие добиваат и подобри услови за живеење и движење покрај патот, нагласи Трајановски.

 

21.07.2014 - 12:13
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега