Пламените јазици го голтаат Криволак - се чекаат канадери

 

Непристапниот терен и детонации го отежнуваат гаснењето на пожарот кај воениот полигон Криволак, објавува Канал 5. Затоа, од Владата се побарани два канадери.

Според последните информации од ЈП Македонски шуми, огнот што вчера избувна кај Криволак, сеуште не е ставен под контрола. Затоа, вчера вечерта, надлежните од „Македонски шуми“, во координација со штипската канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарната екипа, доставиле барање до македонската Влада за дејствување  на два канадери во текот на денешниот ден. Предвидено е авионите да дејствуваат по 11 часот.

Пожарникарите оценуваат дека огнот не е со голем интензитет, но, најголем проблем е тоа што теренот кој гори е стрелиште близу воениот полигон и детонациите од заостанатата муниција и експлозивни средства. Затоа, пожарникарите се на безбедно растојание од огнот и чекаат огнот да дојде на т.н. безбедна територија за да почнат да го гаснат. Непристапноста на теренот исто така им претставува уште еден проблем на пожарникарите.

Извор: Канал 5

најчитано сега