Македонската возачка дозвола ќе важи во Србија

 

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ во Белград потпишаа спогодба меѓу двете влади за взаемно признавање на возачки дозволи на граѓаните од двете земји, пренесува МРТВ.

За да стапи во сила спогодбата треба да ја ратификуваат и двата Парламента. Според министрите, оваа спогодба ќе им овозможи на граѓаните минување на границата без посебни процедури.

18.07.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега