Радост за кавадарчани - ќе уживаат на базен

 

Спортската сала „Јасмин“ од Кавадарци со одлука на Советот на општина Кавадарци го издаде под концесија градскиот базен на шестмесечно користење на кавадаречката компанија „Ласков трејд“.

- Оваа компанија беше единствена која се пријави на објавениот тендер. Тоа значи дека конечно по тригодишна пауза повторно се активира градскиот базен кој ќе го видиме во ново светло по извршените реконструкции, соопшти денеска директорот на Јасмин, Сашо Аранасов.

Тој нагласи дека со ова кавадарчани веќе нема да мораат да патуваат секојдневно во Неготино за да одат на базен.

18.07.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега