Исчезна 25 годишниот Македонец Давид од Австралија

 

Македонецот Давид Јосифовски од Перт, Австралија веќе една недела се води како исчезат.

Во Канцеларијата за исчезнати лица на Австралија од 11 јули е пријавено дека семејството нема никаква информација за тоа каде би можел да биде.

Тој утрото на 11 јули, околу 6.30 часот, бил оставен на аеродромот во Перт, но не се качил на ниту еден авион и оттогаш нема никаква информација за него.

Давид има 25 години, а Канцеларијата за исчезнати лица во Австралија соопштува дека е препознатлив по тетоважата на раката и огркмната тетоважа со македонско сонце и крст на целиот грб.. Тој не ја напуштил државата а негово присуство не било пријавено во ниту една болница.

Неговото семејство повикува на помош. Неговата сестра изјавила дека тој неколку месеци работел во Билоела и кога имал слободни денови често патувал во Гледстон

18.07.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега