Побрзајте: Објавен оглас за наем на три шанкови кај Дојранското езеро

 

Општина Дојран денеска објави оглас за давање под краткотраен наем на три деловни објекти, летни шанкови, покрај брегот на Дојранското Езеро во населбата Стар Дојран.

Шанковите ќе се издадат под краткотраен закуп во периодот од 1-ви август до 30-ти септември, а се наоѓаат на атрактивни локации, со корисна површина од по 100 метри квадратни и со намена за вршење угостителски услуги. Почетната цена на месечната закупнина изнесува 170.000 денари за едниот шанк и по 39.000 денари за другите два шанка.

Крајниот рок за пријавување на заинтересираните лица е до 23-ти јули до 12 часот, а усното јавно наддавање ќе се одржи истиот ден со почеток во 13 часот. 

18.07.2014 - 09:43
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега