Украинската ракета нишанела на авионот на Путин - погодила патнички во кој загинаа 295 луѓе
Украинската ракета кој го погодила малезискиот Боинг во кој загинаа 295 патници била наменета за авионот на Путин кој поминал на истото место но половина час порано, пишуваат руските медиумите
„Можам да кажам дека авионот на Путин и малезискиот боинг се разминале на иста точка и на иста висина од 10.100 метри. Претседателскиот авион беше таму во 16:21 по московско време, а малезискиот авион – во 15:44 по московско време“, изјавил анонимниот извор на новинската агенција, пренесува Раша тудеј.
„Контурите на авионите се слични, димензиите исто така се многу слични, а што се однесува на боите, на толку голема оддалеченост тие се речиси идентични", додал изворот.
Авионот на „Малезија ерлајнс“ кој се урна во Украина леташе од Амстердам до Куала Лумпур, при што загинаа 295 луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа