Будимир ќе биде разрешен од претседателската функција?

 

Денеска комисијата на Претставничкиот дом на Федерацијата Босна и Херцеговина, донесе одлука да го разреши  Живко Будимир од функцијата претседател на муслиманско-хрватската Федерација БиХ.

Комисијата беше формирана на 26 април по апсењето на Будимир, а истата беше формирана од страна на претставници на политичките партии застапени во Претставничкиот дом.

Будмир беше уапсен под сомнение дека со некои од неговиот одлуки за помилување на осудени затвореници ги прекршил законите и ги злоупотребил овластувањета.

По еден месец притвор беше пуштен на слобода на 24 мај. 

Во меѓувреме, Јавното обвинителство денеска поднесе жалба на одлуката за ослободување на Будимир од притвор.

најчитано сега