Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница. На дневен ред е утврдувањето предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.
Пред членовите на Комисијата е и утврдувањето предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа