Вечерва вонредна седница на Бихаќка - паѓа власта на СДСМ во Центар

 

Итна координација меѓу раководсвото и на СДСМ и дел од советниците во општина Центар во моментов се одвива на Бихаќка, дознава Press24 од партиски извори. Според нашите информации, со советниците разговара Радмила Шеќеринска по најавите дека во петок, ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да најде мнозинство за измените во деталните урбанистички планови за Мал ринг, Тасино Чешмиче и Водно.
Медиумите финансирани од СОРОС веќе објавија дека не еден туку двајца советници во Центар ќе гласаат за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Според соросовите медиуми, освен советник на СДСМ, предлогот ќе го поддржи и еден член на општинскиот Совет од редовите на коалционите партнери на СДСМ.

Доколку деталните урбанистички планови го поминат филтреот на Советот, тогаш паѓаат во вода најавите на Жерновски, најпрво дека ќе рушел а потоа и дека ќе ги стопирал проектите дел од Скопје 2014. 

16.07.2014 - 21:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега