Од утре ќе „грми" во Прилеп - последни подготовки за Пивофест

 

Во центарот на Прилеп денеска привршуваат последните подготовки за утрешниот почеток на 12-от „Пивофест“, а учесниците на фестивалот ги поставуваат штандовите на булеварот, на плоштадите „Александрија“ и „Методија Андонов Ченто“.

- Се вршат последните подготовки. Состанок одржа координативното тело за организирањето и безбедно одвивање на „Пивофест“ во кое се вклучени сите структури и институции во греадот: полицијата, противпожарната единица, итната медицинска помош, инспекциските служби. Преземени се сите мерки. Трговијата и угостителите ќе работат со продолжено работно време. Утревечер, првата фестивалска вечер до 2 часот по полноќ, а наредните три вечери до недела до 3 часот по полноќ, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

На фестивалот ќе има преку 32 штанда, кои ќе бидат поставени на преку 20 илјади метри квадратни, а на посетителите им се обезбедени преку 20 илјади паркинг места.

- Очекуваме преку 300 илјади посетители од земјава, Балканот и од светот. Традиционално се тука нашинците од прекуокеанските земји, Австралија, САД, вели Ристески, нагласувајќи дека сите сместувачки капацитети во градот се зафатени.

Преземени се сите мерки за највисока безбедност на Фестивалот. Од Итната медицинска помош најавија дека ќе имаат свои екипи на три пункта. Една екипа, нагласуваат, е во текот на денот, додека во вечерните часови ќе има три медицински екипи.

„Пивофест 2014“ во Прилеп се одржува од 17 до 20 јули.

16.07.2014 - 13:55
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега