Компании од Холандија заинтересирани да инвестираат во македонското земјоделство

Холандски компаниии се заинтересирани за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор, истакнал вршителот на должноста амбасадор на Холандија во Македонија Питер Верхеен на денешната средба со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

-Со оглед дека Кралството Холандија претставува втор најголем извозник на земјоделски производи во светот и тоа што во македонското земјоделство гледаат големи можности за инвестирање, Верхеен побара од министерот Цветков поблиску да се запознае со состојбите во македонското земјоделство и можностите за инвестирање, соопшти по средбата Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На средбата е констатирано дека соработката на Република Македонија и на Кралството Холандија е на високо ниво, но на полето на земјоделското производство може да се продлабочува и интензивира.

-Во изминативе неколку години, земјоделството во Република Македонија доживува вистинска експанзија. Евидентираме зголемување на квантитетот и квалитетот на целокупното земјоделско производство. Позитивни се резултатите во лозаро-винарскиот сектор, во производството на овошје и зеленчук, како и во областа на тутунопроиозводството и другите индустриски култури. Поаѓајќи од ставот дека само добро организирани земјоделци се продуктивни земјоделци, сега нашите напори преку програмите за поддршка се насочени кон организирање на производителите, нагласил на средбата министерот Цветков.

16.07.2014 - 13:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега