Шиповиќ им го врти грбот на социјалдемократите?
Шиповиќ ќе им го сврти грбот на социјалдемократите. Ваква можност најавува Урински весник, медиум кој важи за блисок до опозицијата. Претседатателот на Совеот на општина Центар можно е да гласа и против предлозите на неговата партија или пак да се повлече од функцијата прв човек на највисокото општинско тело.
Тој самиот за Утрински ниту ја потврдил ниту ја демонатирал оваа информација.
„И јас го слушам истото. И дека ме купиле со т.н. слобода и дека сум се испазарил, дека ќе дадам оставка, ќе гласам против предлозите на Жерновски. Што да ви кажам, изгорен сум од се'. Ако функционирав порано по 24 часа, сега сум активен едвај по три часа. Истрошен сум и физички и психички. Сите опции се во игра“, вели Шиповиќ за Утрински.
Шиповиќ пред социјалните мрежи реагираше дека дел од неговата изјава била погрешно пренесена.
„Апелирам до сите медиуми точно да ги пренесуваат моите зборови. Неточно пренесување ми нанесува штета и на мене и на мојата позиција. Во изјавата за Утрински кажав дека сум ИЗМОРЕН а напишано е ИЗГОРЕН сум. Никаде не кажав дека сум под силен притисок на власта. Во Скопје 2014 никогаш не сум учествувал и нема да учествувам“ - напиша Шиповиќ на Facebook.
Утрински се обидел да добие став и од градноналаникот на Центар, Жерновски но тој не одговарал на телефонските повици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа