Полицаец меѓу разбојниците што ја испразнија поштата во Буковиќ
Полицијата го расчистила грабежот на поштата во скопско Буковиќ, од каде беа украдени 1 милион денари, дознава Канал 5.
Според информациите на КАнал 5, станува збор за група од 4-5 лица, меѓу кои и еден полицаец.
Според полицијата, двајца разбојници влегле во поштата по пленот, додека другите чекале со два автомобили за да избегаат со парите. Откако си ги земале парите, разбојниците ги запалиле вреќите.
Во моментот на грабежот кој се случи минатата недела, во поштата имало тројца вработени и еден пензионер. Вооружените крадци со пиштол и калашников ги побарале парите и одзеле 1 милион денари. Парите биле наменети за јунската пензија за пензионерите од селото Буковиќ и околината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа