Почна летниот камп на „Аутодеск Македонија“ во Охрид
Работилници со напредни курсеви и професионални тренери наменети за обука на дизајнери, архитекти, телевизиски и филмски артисти, лица кои создаваат и развиваат компјутерски игри, ќе се одржуваат во рамки на кампот за 3дс МАЏ и В-Раѕ „Аутодеск Македонија“ што од синоќа и наредните десет дена ќе се одржува во Охрид.
Никола Кумев, инструктор за ЗДС МАЏ на „Аутодеск Македонија“ вели дека постои голем интерес за кампот. Според него, програмата на предавање е интензивна и е предводена од тројца професионални инструктори. Квалитетот на обуките го потврди и тоа што „Аутодеск“ на кампот на Охрид му додели регионална лиценца. Можеби најважно е што сите предавања се бесплатни, па сите заинтересирани можат да ги следат.
На 23. јули предавање на кампот ќе држи австралиецот со македонско потекло Жарко Грчаревски, наменето исклучиво за машински инженери и лицата од лимарската индустрија. Инаку, Грчаревски 20 години предава во најреномираната школа во Австралија „2К2“.
„Аутодеск Македонија“ веќе три години има лиценца од „Аутодеск САД“ и работи како тренинг-институт за обезбедување високо квалитетна обука за софтверите на „Аутодеск“. Посетителите имаат можност да се стекнат со оргинални, светски признаени дипломи кои ги добиваат директно од „Аутодеск“, а се признаени во целиот свет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа