ПРОГНОЗА: Во Скопје само 24 степени - во Охрид ќе биде “зима“
Времето во Македонија ќе биде облачно, свежо и врнежливо. На места ќе има пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи и се очекува локално да наврнат над 30 литри на метар квадратен.
Температурата ќе се движи од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со дожд и со слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се искачи до 24 степени. Во Охрид температурата ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи, меѓутоа претпладневните часови главно ќе бидат сончеви. Температурата ќе биде во пораст.
15.07.2014 - 08:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа