Иванов упати честитка до Гаук по повод освојувањето на титулата
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска упати честитка до претседателот на Германија, Јоахим Гаук по повод освојувањето на титулата светски фудбалски првак.
- Ми претставува особено задоволство во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име да Ви го честитам освојувањето на титулата светски првак, по четврти пат во богатата фудбалска историја на Германија. Освојувањето на светската фудбалска круна е доказ за врвниот квалитет, сплотеноста и прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата. Впрочем, јас и пред почетокот на првенството сметав дека Германија е фаворит, поради односот кон фудбалот, посветеноста, упорноста и дисциплината, стои во честитката.
Се надевам, посочува Иванов, дека не е далеку денот кога нашите две репрезентации ќе се сретнат на едно Европско или Светско првенство, што е желба на огромен број на фудбалски вљубеници во Република Македонија.
- Испраќајќи уште еднаш искрени честитки до Вас и до пријателскиот германски народ, Ве молам да ги примите изразите на моето највисоко почитување, се вели во честитката на Иванов до Гаук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа