Иванов на состанок на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ во Дубровник
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска и утре, ќе престојува во Република Хрватска каде ќе учествува на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони процесот“ и на „Самит 100“ заедно со бизнис лидерите и најистакнатите претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа.
Македонскиот претседател утре во Дубровник ќе учествува на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“, неформална иницијатива за соработка меѓу земјите од регионот во контекст на аспирациите за членство во евро-атлантските организации.
На состанокот најавено е учество на претседателите на Албанија Бујар Нишани, на Косово Артифе Јахјага, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Србија Томислав Николиќ, како и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Небојша Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ.
Најавено е присуство и на германската канцеларка Ангела Меркел, како и на претставници на Европската унија.
На состанокот во Дубровник ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа