Аргентина или Германија? - Гледајте го финалето на отворено во Скопје

Аргентина или Германија? И најактуелните спортски случувања се дел од културното лето Три Круши кое се одвива месецов во општина Кисела Вода.

Имено, вечерва, со почеток од 21 часот, општина Кисела Вода ги кани сите граѓани да дојдат на „Три Круши“ во село Драчево за заедно да го проследиме финалето од Светското првенство помеѓу репрезентациите на Аргентина и Германија.

-Oпштината обезбеди голем видео бим на кој може да се проследи натпреварот на отворено и им излегува во пресрет, пред се' на страстните спортски навивачи, се вели во соопштението од Кисела Вода.

13.07.2014 - 13:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега