Аердромци безбедни - подвижна полициска станица “демне“ низ населбата

Мобилна полициска станица денеска патролира на територијата на Општина Аеродром кај паркот Бановина, ОУ „Гоце Делчев" и во Долно Лисиче.

Од 8 до 11 часот мобилната полициска станица ќе биде во населба Лисиче, кај паркот Бановина, од 11 до 13 часот во село Горно Лисиче, кај ОУ „Гоце Делчев" и од 13 до 16 часот во село Долно Лисиче, на последната автобуска станица на бр.31.

Со цел поттикнување на соработката меѓу граѓаните и полицијата, Мобилната полициска станица се реализира во насока да обезбеди што поголемо присуство и достапност на полицијата, одржување стабилен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба во однос на криминалитетот. Организирани се посебни мото-патроли составени од водач на безбедносен реон и двајца полициски службеници коишто вршат општи полициски работи за да се детектираат заеднички проблемите на заедницата, упатување на граѓаните во соодветни институции, како и преземање мерки и активности по конкретни пријави од страна на граѓаните, соопштуваат од Општина Аеродром.

12.07.2014 - 14:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега