Демонстрантите на Бит пазар се тепаат меѓу себе
Најголем дел од демонстрантите се повлекуваат, јавува Република.
Полицијата и најрадикалните групи демонстранти се оддалечени на 50-тина метри едни од други. Неколку помали групи сеуште удираат со камења кон полицијата.
Според Република, настанале тепачки меѓу самите демонстранти - меѓу оние кои бараат да заврши протестот и оние кои сакаат да се судрат со припадниците на полицијата. Оние најрадикалните кои маваат со камења кон полицијата манифестирале збунетост што организаторите бараат повлекување и крај на денешниот протест. Маскираните лица кои предизвикувале најмногу проблеми, се истуркани назад, јавува Република.
Полицијата се уште мирно набљудува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа