Груевски: Доказите не може да се објават додека не заврши судската постапка

 

Додека не заврши судската постапка, не може да се објават доказите за случајот „Монструм“, потенцираше премиерот Никола Груевски во вечерашното интервјуто за втората програма на МТВ.

За жал, рече премиерот, постапката е од таков тип што сите докази не може да се изнесат на виделина, не може да се кажат затоа што има специфични истражни мерки коишто се правени и затоа што објавувањето на доказите пред да заврши целата постапка и пред самата пресуда да стане извршна ќе ги направи тие докази без правна сила.

- Значи доказите се од класифициран карактер, нивното вадење во јавноста може да ја одземе нивната правна сила. Тоа веројатно оние коишто ги организираат насилниот дел од протестите добро го знаат и затоа се обидуваат да наметнат прво теза дека едно време слушав дека докази нема, второ слушнав дека доказите се неубедливи и невалидни. Како може да се неубедливи и невалидни кога тие не се објавени. Кога никој не ги слушнал. Од она што сум го слушал од МВР кажуваат дека истото го мислат и во Обвинителството, очигледно според пресудата и првостепениот суд тие докази се силни, рече Груевски. 

Премиерот објасни дека остануваат и други истанци во судската постапка што треба да се почекаат да ги анализираат уште еднаш доказите, да ги разгледаат жалбите на обвинетите и да донесат конечна пресуда. 

10.07.2014 - 22:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа