Утре ќе се разладиме со дожд - еве што ќе се случува со температурите
Времето утре во Македонија ќе биде пооблачно и малку посвежо. Пооблачно ќе биде во западните и северните делови од земјава каде ќе има и локален краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 23 до 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ-индексот ќе има пониска вредност поради зголемената облачност и ќе изнесува 7.
За време на викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во почетокот на наредната недела ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа