Заев ги осуди насилствата: Не потпаѓајте на провокации

 

Социјалдемократскиот сојуз денеска ги осуди насилствата и повика на максимална, индивидуална и колективна одговорност.

- Насилството не е решение за ниту еден проблем. Ја одалечува дополнително Македонија од европските и светските вредности и нашите заеднички цели за евроатлантски перспективи, рече денеска претседателот на партијата, Зоран Заев.

Првиот човек на СДСМ додаде дека секој има обврска да дејствува во насока на смирување на ситуацијата и да не потпаѓа на провокации.

 

10.07.2014 - 15:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега