Пожар ги преплаши велешани
Жителите на велешко Раштани утрово пријавиле дека избувнал пожар на 1,5 километар над селото. Велешкит пожарникари веднаш се реагирале и пожарот набрзо бил изгаснат.
Пожарот беснеел на околу 500 метри квадратни трева. Пожарникарите се сомневаат дека огнот го предизвикале некои од селаните. Среќна околност е што тој не се проширил бидејќи тревата сеуште не е толку сува. Пламените јазици проглтале само трева и грмушки и за среќа била избегната поголема штета.
Љупчо Лепидовски командир на ППЕ од Велес упати апел до локалното население во велешко да не ја палат тревата, бидејќи може да предизвикаат и шумски пожари со несогледливи последици како што беше случај пред неколку лета во велешко.
-Тогаш во големиот број на шумски пожари изгореа неповратно илјадници хектари шума, а во над 90 отсто од случаите причинител беше факторот човек, вели Лепидовски, пренесува МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа