Скандалозно однесување на струмичанец среде улица
41 годишниот струмичанец М.Ѓ. предизвикал сообраќајка, а потоа и ги нападнал полицајците кои дошле да извршат увид.
Според информациите од полицијата, на 28 јуни годинава, струмичанецот со својот камион предизвикал сообраќајна несреќа и искршил огради од две куќи. На лице место излегле полициски службеници, но струмичанецот ги нападнал, почнал да ги навредува и да им се заканува.
За дрското однесување, полицијата одлучи да го “награди“ струмичанецот со кривична пријава за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“
10.07.2014 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа