Реформите во образованието главна тема на средбата Адеми - Орав
Реформите во образованиот систем - тековните и планираните, како и процесот на хармонизација на законите во образованието со ЕУ-легислативата, биле тема на денешната прва среда на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, станало збор и за поддршката којашто ЕУ преку ИПА фондовите и ја дава на Република Македонија во насока на развој и унапредување на образованието со подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес и подобрување на образовната инфраструктура.
Адеми и Орав дискутираа и за неодамна потпишаната спогодба “Хоризонт 2020”, со што Република Македонија добива можност да ги користи придобивките од овој финансиски инструмент за поддршка на истражувањето и иновациите, со цел креирање нови работни места, економски развој и конкурентност.
- Министерот Адеми ја потенцираше јасната определба на Владата на Република Македонија за градење на современ и конкурентен образовен систем, посочувајќи го како пример, токму европскиот модел на образование, стои во соопштението.
Амбасадорот Орав, пак, се наведува, потврди дека и во следниот период, во насока на унапредување на образовниот систем, поддршката од Брисел ќе биде интензивна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа