Црн вторник во Скопје: Тројца се борат за живот
Во изминатите 24 часа, на скопските улици се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди.
Пет од несреќите се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои полесни повреди заработиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден мотоциклист.
Се случиле и три незгоди со последица тешки телесни повреди.
Првата несреќа се случила во 00:20 часот на улицата „Московска“. Во несреќата учествувале автомобил „Опел“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и пешак исто така од Скопје. Пешакот заработил тешки телесни повреди.
Втората сообраќајка се случила во 7:30 часот на булеварот „Кочо Рацин“. Во незгодата учествувале автомобил „Киа“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје и пешак од Струмица, кој се здобил со сериозни повреди.
Третата незгода се случила во 14:40 часот на булеварот „Александар Македонски“. ВО неа учествувале три автомобили „фолксваген пасат“, „форд“ и „шевролет спарк“. Со тешки телесни повреди се здобил возачот „фордот“, а полесни повреди заработил возачот на „Пасатот“,
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа