МВР гони двајца директори на Градски гробишта - Охрид
Кривични пријави си заработија Д.П. и К.П., кои додека биле директори на охридските Градски гробишта успеале да го оштетат претпријатието за преку 4 милиони денари. Кривична си заработи и Б.Т. кој несовесно си ја вршел работата.
Во 2011 и 2012 година, Д.П. и К.П. се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик. Потоа била донесена одлука од општината да ги зголемат износите на цените во претпријатието, но тие со задоцнување од една година постапиле по одлуката и вратиле фактура на друго претпријатие иако биле должни да ја исплатат. Комисија утврдила дека во претпријатието постоеле разлики во продажбата на гробни места, имало недостаток на градежни материјали и во материјалната евиденција влезот и излезот на материјали не се поклопувал. Вака, несовесните директори успеале да го оштетат претпријатието за 4.376.102 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа