Јолевски работно во Вашингтон

 

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски денеска во Пентагон, Вашингтон, ќе се сретне со помошникот на секретарот за одбрана на САД, Дерек Колет, кој е задолжен за меѓународни безбедносни работи.

Како што информира Министерството за одбрана, за време на средбата ќе се разговара и за одбранбената соработка меѓу Република Македонија и САД, како и за идниот ангажман на Армијата на Република Македонија во новата мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“.

Претходно, министерот Јолевски ќе оствари средба и со конгресменот Мајк Конавеј, член на Комитетите за одбрана и разузнавање каде ќе се разговара за влезот на Македонија во НАТО.

Јолевски ќе има и работен ручек со 20-тина претставници на Белата куќа, Пентагон, Стејт Департманот, како и повеќе институти кои прават анализи за светската безбедносна ситуација и улогата на НАТО. 

08.07.2014 - 08:35
Фото: 
Канал 5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа