МНР потврди: Киднапираниот инженер во Либија е македонски државјанин

 

Македонското Министерство за надворешни работи ги потврди информациите дека еден од тројцата киднапирани инженери во Либија е македонски државканин, пишува Утрински весник.

Проверките на идентитетот на киднапираниот инженер траеле 24 часа. Италијанските медиуми пишуваа дека се работи за Емилио Гафури, но, македонските власти првично не пронајдоа македонски државјанин со такво име.

-По дополнителните проверки утврдено е дека еден од тројцата исчезнати инженери е македонски државјанин. Неговиот идентитет, како и други лични податоци ќе бидат соопштени утре, велат од МНР, пренесува Утрински.

Тројцата инженери вработени во италијанската градежна фирма „Пјачентини констуциони“, последен пат биле видени во саботата наутро. Според претпоставките, инженерите биле грабнати пред куќата во која живееле. Досега не е побаран откуп за нив.

07.07.2014 - 09:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа