Прослава по повод 1.000 години од манастирот „Св. Јован Претеча“

 

Mанастирот „Св. Јован Претеча“ во село Слепче, Демирхисарско, денеска ќе одбележи 1.000 години од неговото постоење.

Во чест на годишнината, ќе се одржи големо милениумско чествување кое е дел од Демирхисарското културно лето, што се одржува првпат и ќе трае три месеци, а чиј уметнички координатор е актерот Игор Џамбазов, кој живее во Слепче.

Манастирот „Св. Јован Претеча“ датира од 7 век, но со чествувањето се прави спој на неговото постоење со смртта на Цар Самуил и со селото Слепче кое опстојувало од порано и е поврзано со трагичната одисеја на ослепените 14.000 војници во битката кај Беласица во 1014 година.

На Културното лето ќе гостуваат театри, ќе се организираат ликовни колонии и проекции на филмови.

На програмата ќе се најде и Петровденска поетска беседа на гробот на македонскиот писател Петре М.Андреевски во неговото родно село Слоештица.

07.07.2014 - 09:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа